• Мартин Танасковски
Македонија остана без репрезенти во Лигата на шампионите, затоа што Сара Ристовска и нејзиниот Рапид Букурешт испаднаа од големиот ривал ЦСМ Букурершт.
Во вториот дуел за Букурешт, ЦСМ го доби Рапид со 28-22 и така му ги заврши настапите со две победи во двомечот. Сара Ристовска беше стрелец на два гола, па така се одјави од ракометната елита.
Покрај ЦСМ Букурешт, во следната фаза на женската Лигата на шампионите оди и Брест Бретањ од Франција, кој не виде мака против Подравка во реваншот. Иако првиот дуел го загуби со 26-27, Брест на реваншот победи со 35-27.
Брест во четвртфиналето ќе игра против Мец, додека ЦСМ Букурешт го чека Есбјерг.