Сара Ристовска се враќа во женската ракометна ЛШ

Македонската репрезентативка Сара Ристовска се враќа во Лигата на шампионите. По настапите за ЦСКА Москва и трансферот во Рапид Букурешт, романскиот тим доби „вајлд-карта“ за елитата.

Рапид заедно со Глорија (Романија), Сторхамар (Норвешка), Ѓер (Унгарија), Брест (Франција), Одензе (Данска) и Подравка (Хрватска) добија додатно место во елитното друштво.

Таму уште се наоѓаат и Есбјерг, Никобинг (Данска), Мец (Франција), Лудвигзбург (Германија), Ференцварош (Унгарија), Будуќност (Црна Гора), Вајперс (Норвешка), ЦСМ Букурешт (Романија) и Крим (Словенија).

За „вајлд-карта“ одбиени се Борусија Дортмунд (Германија), Дебрецен (Унгарија) и Сола (Норвешка, а тие екипи одат во Европската лига на ЕХФ.

Покрај Сара Ристовска, член во ЛШ во новата сезона ќе биде и младата Ива Младеновска која има договор со француски Брест.