Сара Ристовска го продолжи договорот со ЦСКА: Се чувствувам како дома...

Една од најдобрите македонски ракометарки, Сара Ристовска, останува во редовите на ЦСКА Москва откако парафираше договор на уште една година. 

Крилото е во Русија од 2019, настапува со успех во редовите на московскиот гигант, а така ќе биде и во следната сезона. Ристовска е задоволна во клубот, во земјата се чувствува како дома и се заблагодари за довербата.

„ЦСКА е големо семејство. Го продолжив договорот бидејќи е голема чест да се игра за овој клуб. Сигурен сум дека ќе продолжиме по добар пат, ќе се бориме заедно да постигнеме нови успеси. Навистина сум среќна во ЦСКА. Сретнав многу добри луѓе тука, го научив јазикот и се чувствувам како дома. Благодарност до навивачите кои се неверојатни, се надевам ќе продолжиме во добар ритам до крајот на сезоната. Нашата цел е да се сплотиме, да го задржиме тимскиот дух и атмосфера, па да бидеме на врвот и следната сезона“, кажа Ристовска. 

Ристовска со ЦСКА стана шампион на Русија, го освои Купот и Суперкупот, а еднаш беше и учесник на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на шампионите.