ВИДЕО: Сара Ристовска го има третиот најубав гол на колото во ЛШ

Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска се најде во изборот на ЕХФ меѓу најдобрите голови на колото во женската ракометна Лига на шампиони.

Ристовска, која ги брани боите на романски Рапид Букурешт, на натпреварот против дански Одензе тргна во контра и атрактивно ја лобува противничката голманка, погодок кој ѝ донесе трето место на листата.

Романскиот првак доживеа пораз од Одензе на овој дуел (24-34), па погодокот е само утеха за Ристовска.