
Македонската репрезентативка Сара Ристовска во претстојната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик. Откако беше најавена големата реконструкција во ЖРК Вардар, сите ракометарки, меѓу кои и Ристовска мораа да си побараат нови средини.
Таа се реши за словенечкиот Крим, некогашниот европски шампион, каде би требало да биде прв избор на десно крило, со оглед на тоа што си замина Анета Бенко. Ристовска е веќе во Љубљана и ги започна подготовките со новиот тим.
Ристовска и Крим ги чекаат настапи на меморијалните турнири „Винко Кандија“ во Љубљана и „Јосип Самарџија“ во Копривница, како и пријателски натпревари против унгарскиот Дунајварош, рускиот Ростов-Дон и подгоричка Будуќност.



