Сара Митова по три години си оди од дански Сондерјиске

Македонската интернационалка Сара Митова по три години ќе менува средина затоа што си замина од данскиот тим Сондерјиске.

Митова, која има 23 години и настапува на крилната позиција, беше дел од Сондерјиске подолго време и играше важна улога во тимот. Со нејзините игри ги освои симпатиите на публиката и на стручниот штаб, но дојде време за разделба.

Левото крило ја имаше својата прва интернационална авантура во Данска, затоа што пред да се пресели таму во 2017 година, играше за ЖРК Вардар и Вардар СЦЈС.

Ракометот во Данска во моментов е во прекин поради коронавирусот, а не е исклучена можноста сите првенства наскоро да бидат поништени.