Санкции за Русија: ЕХФ ѝ го одзеде домаќинството за ЕП 2026

По седницата на Извршниот комитет при Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесена е непопуларна одлука. 

Имено, поради воената инвазија, Русија е под санкции, па сега остана и без женското Европско првенство кое во 2026 требаше да се игра во оваа земја. Русите ја добија довербата во 2021, пред стартот на војната и требаше да бидат единствен организатор. 

Сепак, ЕХФ потврди дека ќе дојде до промена и е во потрага по нов домаќин или домаќини. Претходно ќе се одржи турнирот во 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија, додека во 2028 домаќини на Европското првенство ќе бидат Данска, Шведска и Норвешка

За потсетување, пред крајот на 2022 година и Македонија беше еден од домаќините на претходниот шампионат, заедно со Црна Гора и Словенија.