Самсоненко дал гаранции, играчите ќе бидат исплатени до крајот на мај

Сергеј Самсоненко, рускиот бизнсисмен и главен инвеститор во македонскиот спортски бренд Вардар, имал состанок со играчите и им дал до знаење дека ќе бидат исплатени сите долгови.

Руски „Спорт“ пишува дека газда Сергеј на состанокот со играчите соопштил дека се дале гаранции дека се ќе биде исплатено. Иако повеќето ракометари велат дека нема рок, сепак, рокот постои, а тоа е крајот на мај.

Вардар е веќе во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а чека само од која позиција ќе оди понатаму и кој ќе биде ривалот. До крајот на групната фаза во елитата има две кола, против Порто на гости и Монпелје на домашен терен.

Не е исклучена можноста до крајот на преодниот рок кој трае уште неколку дена да се донесат нови засилувања, а како најсериозно име се споменува Леонардо Дутра Фереира, 23-годишен бек од Бразил.