Само три дена по финалето, хрватски репрезентативец постигна осум гола

Хрватската ракометна репрезентација го освои среброто на Светското првенство, откако во финалето во Осло беше поразена од Данска со 26-32 (12-16).

Веќе следниот ден хрватските ракометари доживеаја величенствен пречек на плоштадот Бан Јелачиќ, а еден од нив веќе им се врати на клупските обврски и имаше нова одлична партија.

Имено, Матео Мараш вечерва го облече дресот на Татабања во осминафиналето на Купот на Унгарија, во кое неговиот тим славеше над Комло со резултат 29-25. Некогашниот бек на Еурофарм Пелистер на овој натпревар беше еден од најдобрите на паркетот и постигна осум гола.

24-годишниот десен бек од Сплит летово, по три години заминува од Унгарија, и се сели во ПСЖ.