Само една комбинација го спушта Вардар на третото место и му носи СЕХА-четвртфинале со Веспрем

Ракометната сезона во СЕХА лигата е пред крајот на групната фаза. Со двомечот на Татран Прешов и Партизан ќе се спушти завесата на групите, а ќе се знаат и паровите во четвртфиналето. Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ја чекаат разврската и противниците во доигрувањето. 

Пелистерци се на чекор до двомеч со Татран Прешов, кој освен ако не загуби убедливо во Србија, би бил прв во групата. Од друга страна, комбинациите за Вардар се малку посложени. Постои една комбинација која би го спуштила тимот на Недановски на третото место, кое води на двомеч со апсолутниот фаворит Веспрем. 

  • Можните комбинации во групата на Вардар:
  1. Ако Татран Прешов извојува победа, игра нерешено или загуби до два разлика, ќе го освои првото место, Вардар 1961 ќе биде втор, а Партизан ќе биде третопласиран.
  2. Ако Партизан го победи Татран Прешов со повеќе од три гола разлика, ќе заврши на првото место во групата, Вардар 1961 ќе биде второпласиран, а словачкиот шампион ќе заврши на третото место.
  3. Ако Партизан победи со три разлика против Татран Прешов и постигне најмалку 26 гола, Вардар 1961 ќе падне на третото место во групата Б на СЕХА лигата и во четвртфиналето ќе се сретне со Веспрем.

„Црвено-црните“, барем ако се суди по денешната пресметка на Татран и Партизан, би можеле да се надеваат на поволен исход на ситуацијата. Натпреварот меѓу овие две екипи кој ќе одлучи сè е закажан на 27 март во терминот од 18:00 часот.