ФОТО: Салата на Алкалоид со посебен црвено-жолт декор!

Ракометарите на Алкалоид го дочекаа тимот на Вест Виен во рамките на Европскиот куп на ЕХФ. За двомечот со австрискиот ривал во битката за осминафинале салата „Автокоманда“ освен користењето на двата нови семафори, доби и посебен „шмек“.

Салата е украсена со многу македонски знамиња кои даваат убава слика и „шмек“ за европскиот предизвик.

Алкалоид е домаќин на двата натпревари против Вест Виен во „Автокоманда“.