Сагосен: Ова не може да се нарече „балон“, трагикомично е - див запад!

Норвешка пристигна во Египет како еден од главните фаворити за златниот медал, а човекот кој ќе има можеби најголемо влијание на овој Мундијал, Сандер Сагосен е загрижен од условите. 

Бекот на норвешкиот тим имаше бројни критики за организацијата, недоволната дистанца, непотребното групирање и многу други сегменти. 

„Ова е трагикомично, пародија. Сè изгледа како голема шега, условите се неверојатни. Вчера се шокиравме, денес е полошо. Одржавме тренинг на малце трева, игравме фудбал. Ова не може да се нарече балон, луѓето доаѓаат и си одат без маски, сите јадеме заедно. Можеме само да се молиме да не се заразиме. Ова е како див запад“, изјави Сагосен.

Сагосен е „прва виолина“ на репрезентацијата на Норвешка и неговиот глас со сигурност ќе биде слушнат и ќе изнуди реакција од јавноста. Може да се очекуваат промени по бројните критики.