• Мартин Танасковски
Норвешката ракометна ѕвезда Сандер Сагосен ги повреди лигаментите на рамото во победата на неговиот тим Колштад над Загреб во третото коло од Лигата на шампионите, соопшти клубот од Трондхајм.
29-годишен среден бек мораше да го напушти теренот во првото полувреме од дуелот минатата среда, што на крајот не се одрази на добрата игра на норвешкиот тим и на првите бодови во најквалитетното натпреварување на ЕХФ.
Во клупското соопштение e објаснето се освен периодот кој Сагосен ќе го помине надвор од теренот.