ВИДЕО: Ноќ за паметење на Сафар – стана првиот ракометар од Кувајт со гол во ЛШ!

Резервниот голман на ракометниот клуб Вардар 1961, Али Сафар доби шанса и бранеше во финишот од натпреварот во второто коло на Лигата на шампионите против Мешков Брест, кој заврши со славје на „црвено-црните“ од 35-27. 

Чуварот на мрежата од Кувајт покрај неколкуте одбрани, успеа да постигне и еден погодок, поточно последниот на натпреварот, а тој имаше посебно значење. 

  • Голот на Али Сафар против Мешков Брест: 

Имено, Сафар иако е голман, стана првиот ракометар од Кувајт кој постигнал подок во најквалитетното ракометно натпреварување. Така, името на Сафар ќе биде запишано во аналите на својата земја, како прв стрелец во Лигата на шампионите на ЕХФ.