Сабу: Со Алкалоид ќе бидеме готови ако паднеме десет минути

Македонскиот суперлигаш Алкалоид е во очекување на новиот европски предизвик. За време на викендот, избраниците на Кирил Лазаров гостуваат кај романска Минаур Баја Маре во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ.

Најава на дуелот даде тренерот Александру Сабу, кој кажа дека не смее да има никакво опуштање кај неговиот тим со Алкалоид, затоа што секој пад е потенцијална голема казна.

„Ни следат многу тешки натпревари во низа, првиот е со Алкалоид, добар тим од Македонија. Имаме мотиви, мораме внимателно да направиме анализа на сите работи кои ни следат. Знам дека ни следи возбудлив меч, во кој ако паднеш десет минути - готов си. Мора да се адаптираме на брзата игра на противникот и да најдеме решение за неа“, изјави Сабу.

Натпреварот меѓу Баја Маре и Алкалоид се игра во Романија на 23 март со почеток од 17:00 часот.