Рутина на Струга со Радовиш за трето суперлигашко славје

Ракометарите на Струга дојдоа до третото славје во Суперлигата на Македонија, во пресметката од 12. коло против Радовиш на свој паркет со 24-20 (16-10). Домашните имаа  константно водство, користејќи го фактот дека гостите допатуваа во Струга со само 12 играчи и на крајот победија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Струга и Радовиш:

Уште од стартот домаќинот крај Охридското Езеро успеа да поведе со 4-1, со што си направи предност која ја пренесе во остатокот од натпреварот. Радовиш немаше брзо решение, домашните ракометари заиграа уште подобро и поведоа со високи 9-4. До паузата предноста не се намали премногу, гостите дојдоа најблизу на -3, а на полувреме Струга замина со водство од 16-10. 

Ниту по паузата немаше промени на текот на дуелот. Стружани отворија со гол, поставувајќи ги највисоките +7. Радовиш парираше, но само делумно. Предноста не се смалуваше, во неколку наврати се зголеми, ама пак гостите се враќаа. Сепак, Радовиш немаше сили за ништо повеќе од респектабилен пораз. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Владан Кастратовиќ од Струга со шест гола, додека кај Радовиш пет даде Трајанов.