• Зоран Мишевски
Капитенот на белоруската репрезентација и до пред неколку месеци соиграч на Кире Лазаров во Барселона, Сергеј Рутенка заработи повреда на самиот почеток од мечот со Полска.
Уште во првата минута најтрофејниот клупски ракометар на светот се пожали на болка во пределот на скочниот зглоб. Веднаш беше испратен во соблекувалната, па потоа се врати на клупата, но не влегуваше во игра.
Македонија и Белорусија ќе играат в среда од 16.00 часот, во меч за петтото место во главната групна фаза во Краков.