Русинот Игропуло е замената за Толедо во Висла

Минатата недела европскиот првак Вардар го официјализираше трансферот на бразилскиот интернационалец Толедо од Висла Плок. Полскиот вицешампион брзо се врати на пазарот да пронајде замена и денес потпиша договор со 34-годишниот Константин Игропуло.

Рускиот интернационалец има импресивна кариера, настапи за Барселона, Колдинг и Фуксе Берлин, а последен клуб за кој играше е Мешков Брест. Десниот бек стави потпис на договор на една сезона и треба да биде големо засилување за Висла во Лигата на шампионите.

„Благодарам на управата и на Чави Сабате за довербата. Убеден сум дека ќе ја оправдам“, кратко изјави засилувањето на Висла.

Со руската репрезентација Игрoпуло запиша 110 натпревари и постигна 505 гола.