Русинката Ана Вјахирева е МВП на завршниот турнир на ЛШ

Шампионот на Норвешка, Вајперс Кристиансанд очекувано е старо-нов шампион на Европа во ракомет. Избраничките на Оле Густав Гјекстад денес немаа закана во името на унгарскиот победник на Купот, Ференцварош и дуелот заврши со победа на Скандинавките со 28-24.

За најкорисна ракометарка на завршниот турнир во Будимпешта прогласена е Ана Вјахирева, руската интернационалка во редовите на шампионот. Во текот на овие два дена Вајперс Кристиансанд покажа квалитет и конзистентност и потврди дека најдобриот ракомет се игра во Норвешка. Со 142 гола најдобар стрелец на сезоната е Реистад од Есбјерг.

Норвешкиот шампион е само трет тим во историјата кој трипати во серија освојуваше европска титула. 

Новата сезона во Лигата на шампионите во женски ракомет започнува во октомври, а завршниот турнир во мај следната година пак ќе се одигра во Будимпешта.