Русија на „вардаров погон“ дојде до ЕП, билети и за Франција и Португалија

Репрезентацијата на Русија обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година, затоа што на гостински терен кај Италија успеа да слави (23-30) и го потврди второто место на табелата во групата.

„Зборнаја“ на овој натпревар водеше константно и заслужено се радува на завршница. До завршницата, Русија дојде благодарение на вадаровите ракометари Кисељев и Дибиров. Кисељев даде осум гола, а шест постигна Дибиров. Трет стрелец беше Житников, исто така со шест гола.

ЕП обезбеди и Франција која убедливо ја прегази Литванија (17-37), исто така и Португалија, која победи кај Романија (19-24). Шансите за ЕП ги задржа и Црна Гора, која славеше со 21-24 кај Фарски Острови и во последното коло на домашен терен ќе игра со Украина.