Русија бара најмалку едно место во СЕХА лигата

СЕХА-лигата може да се прошири во други земји, па дури и да стигне до Русија. Оваа сезона првпат ќе настапат 12 екипи поделени во две групи, а новајлии во лигата се Мотор Запорожје, унгарска Татабања и Пекинг од Кина, екипа чие седиште ќе биде во Загреб.

Интересот за регионалната лига е поголем и поради промените во Лигата на шампионите, која од следната сезона ќе биде помалубројна. За следната сезона своја кандидатура истакна Русија, која наводно ќе бара едно или две места во лигата.

Претседателот на руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, за домашните медиуми зборуваше на оваа тема.

„Позитивна е идејата за СЕХА во Русија и тоа може да биде важно за секој руски клуб. Проблем е што учеството во таков проект, поради тешката логистика, е поврзано со сериозни финансиски трошоци. Но, според мое мислење, во лигата, чиј генерален спонзор е рускиот Гаспром, мора да учествува најмалку еден руски клуб. Особено од следната година, кога формата на Лигата на шампионите ќе се промени. Очигледно, таму нема да има место за руски клуб и ќе треба да бараме нов формат за редовни дерби-средби кои ќе помогнат да се крене нивото на рускиот клупски ракомет, достојно за враќање на европскиот врв. СЕХА лигата, со силни и реномирани учесници, со овој квалитет е совршена за нас“, смета Шишкарев.

Вардар е рекордер по бројот на трофеи во регионалната лига, а годинава првпат ќе учествува битолски Еурофарм Работник