Руди Сери успешно опериран во Франција, се враќа на почеток од следната сезона

Летното засилување на Еурофарм Пелистер, Руди Сери нема по добро да ја памети првата сезона во дресот на македонскиот вицешампион. 

Во Битола пристигна како големо засилување на бековската позиција, но одличниот Французин уште на стартот на сезоната се здоби со незгодна повреда, поради која мораше да замина на оперативен зафат. Сери денес беше успешно опериран во Франција и неговото враќање се очекува да биде на стартот од подготовките за следната сезона. 

„Руди Сери е успешно опериран. Французинот кој ги скина лигаментите на левото колено, на натпреварот со Вардар од Суперкупот е успешно опериран во Франција. Негово враќање се очекува на почетокот од припремите за следната сезона. Брзо закрепнување Руди“, објавија битолчани.

Еурофарм Пелистер пролетниот дел од сезоната на левата бековска позиција ќе ги има Данецот Хенеберг, искусниот Суси, како и младите Ѓорѓоски и Павле Атанасијевиќ.