Ростов останува без руската репрезентативка: Екатерина Илина ја заврши кариерата на 27 години!

Руската репрезентативка Екатерина Илина ја заврши кариерата на само 27 години! По квалификацискиот меч меѓу Русија и Австрија, на прес-конференцијата таа ја објави оваа вест, целата во плач.

„Сакам да им се заблагодарам на сите вас за сите овие години соработка и пријателство. Направив се што можев за мојот омилен спорт. Но болката во грбот станува неподнослива, и ми требаат третмани и рехабилитација. Не сакам да ви кажам збогум, сакам да ви кажам дека ќе се видиме пак наскоро“, изјави Илина.

Илина потекнува од тимот на Кубан Краснодар, во меѓувреме мина една сезона и во Лада Тољати, а последните пет сезони беше една од најдобрите ракометарки на Ростов-Дон. За руската репрезентација настапи на 91 натпревар и даде 244 голови.