Ростов-Дон премоќен за Мец, Русинките остануваат лидери во групата

Тешко дека денес има екипа која може да дојде во Русија и да го совлада Ростов на Дон. Европскиот вицешампион водеше во текот на сите 60 минути против Мец и извојува победа од 30-26 (16-12) во дуелот од четвртото коло на Лигата на шампионите. Натпреварот во Русија се играше пред скоро исполнето гледалиште и покрај пандемијата од ковид-19.

И покрај тренерската смена, рускиот шампион доминираше, на моменти водеше и со десетина гола разлика, па одмарајќи ги најдобрите ракометарки, дозволи францускиот тим да го ублажи поразот.

Заади, Сен и Виахирева со по пет гола беа најефикасни во домашниот табор, а Нокади со шест и Передери и Станко со пет погодоци беа најефикасни кај гостинскиот тим на Мец. Со три победи и еден нерешен резултат Ростов-Дон е лидер во А групата на Лигата на шампионите, по некомплетното четвртто коло. 

Словенечкиот шампион Љубљана го изненади Битингхејм од Германија, победувајќи го со 28-26 (12-16), а европскиот првак Ѓер и романската екипа Рамницу Валчеа својот натпревар го играат попладнево.