Ростов остана без тренер, Амброс Мартин замина пред стартот на подготовките

Рускиот гигант, Ростов Дон, остана без најтрофејниот стручњак во последните десет години, Шпанецот Амброс Мартин. Шпанскиот стручњак им се заблагодари на Русите по двегодишна соработка, во која го освои четвртото место на Светското првенство во 2019 година во Јапонија.

Своето заминување од Ростов го оправда со образложението „семејни причини“ и „времето сака да им го посвети на децата“. Клубот наскоро ќе именува нов тренер и тој наскоро ќе ги започне подготовките за сезоната 2020/21.

Мартин останува на клупата на Русија, побивајќи ги кулоарските приказни дека не може да соработува со Евгениј Трефилов.