Ромеро заминува од Хановер на Кузмановски на крајот од сезоната

Ромеро

Екипата на Хановер ќе бара нов асистент на тренерот Антонио Карлос Ортега бидејќи Икер Ромеро ќе си замине на крајот од тековната сезона.

Клубот во кој што игра Филип Кузмановски ќе остане без искуството на еден од подобрите шпански ракометари во изминатите две декади. 

Договорот на 40-годишникот истекува во јуни, а бундеслигашот не планира да му го продолжи. Многу брзо тој пронајде нова средина за работа, а тоа ќе биде второлигашот Бејтингем, каде ќе има улога на главен тренер.

Хановер во тековната сезона во домашното првенство има пет победи, четири реми средби и шест порази и стои на 12. позиција на табелата.