ФОТО: Романтична приказна во Прага – охриѓанец среде терен ја запроси саканата!

Љубов и ракомет во едно! Реваншот меѓу Дукла Прага и ГРК Охрид во ЕХФ Куп донесе момент кој ќе се памети многу повеќе од самиот резултат.

За време на полувремето, додека ракометарите беа во соблекувалните, на центарот на теренот се случи вистинска романтична приказна. Валентин клекна и ја запроси љубовта на својот живот – Јована, пред бројните навивачи во салата.

Двајцата допатуваа во Прага за да го бодрат својот сакан Охрид, а реваншот доби посебна тежина токму поради овој емотивен чин. Јована со насмевка го прифати запросувањето, а трибините ја поздравија сцената со аплауз и одушевување.