• Иван Димовски
Ракометниот натпревар меѓу двократниот европски првак Вардар и Порто во Европската лига на ЕХФ понуди интересна приказна од трибините.
Имено, во организација на најверните навивачи „Комитите“ се случи едно запросување. Млад навивач ја побара раката на својата девојка, која според реакциите ја прифати понудата.
„Комити“ истакнаа транспарент на кој имаше прво само прашалници, а потоа кога сè беше подготвено го спуштија натписот: „Наталија, ќе се омажиш ли за мене?“.