• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров го донесе седмото засилување пред стартот на подготовките за новата сезона.
Нов член на „лавиците“ е 28-годишната романска ракометарка Сабрина Лазеа. Се работи за играч кој игра на трите бековски позиции и во одбраната, па се очекува да биде големо засилување за следните предизвици.
Романката има искуство во европските купови низ кариерата, со Таргу Џиу играше во Европската лига на ЕХФ, додека со Залау беше дел од ЕХФ Купот.
