По лошиот старт на сезона и само три победи во шест натпревари, раководството на еден од најдобрите тимови во романскиот шампионат, Доброгеа Суд, одлучи да му врачи отказно решение на францускиот стратег, Кристијан Годен.
Една од најквалитетните екипи во романскиот ракометен шампионат, Доброгеа Суд, во остатокот од сезона ќе има нов предводник, откако досегашниот тренер, Кристијан Годен, доби отказно решение.
Синоќа македонските голмани Златко Даскаловски и Николче Митревски имаа свој ден, откако двата заедно собраа 29 интервенции во ремито на своите екипи Темишвар и Доброгеа Суд (20-20).
По освојувањето на Суперкупот на Романија и изненадувачкиот пораз во првото коло, екипата на Доброгеа Суд забележа значајна гостинска победа во главниот град против ЦСМ Букурешт со 26-29 (12-12) во дербито од второто коло.
Македонскиот репрезентативец Велко Маркоски во новата сезона 2017/18 ќе го носи дресот на Доброгеа Суд од Констанца, дознава Gol.mk. Стружанецот ги договорил сите детали со една од најквалитетните екипи во романската лига и деновиве ќе биде официјално претставен.
Поранешниот македонски селектор, а сега предводник на црногорскиот национален тим Драган Ѓукиќ, веројатно ќе го преземе романскиот прволигаш Одорхеи, каде настапува македонскиот интернационалец Горан Кузманоски, а во последните два месеци ја извршуваше улогата на тренер на тимот.
Романскиот гигант ЦСМ Букурешт го официјализира новиот тренер, Шпанецот Пау Кампос Суњен, стручњак кој доаѓа на местото на Звонко Шуновски, кој си замина на истек од договорот.
Репрезентативното десното крило Гоце Георгиевски и неговиот тренер од ЦСМ Букурешт, Звонко Шундовски, како и Бранко Ангеловски од Доброгеа Суд од Констанца се номинирани за членови во идеалниот тим на романскиот шампионат, кој заврши минатата недела.
Поранешниот селектор на македонската репрезентацијаи тренер на Пелистер и Металург, Звонко Шундовски на истек од договорот заминува од романскиот ЦСМ Букурешт. Битоланецот мина две сезони во една од најдобрите романски екипи, а го освои Купот на Романија минатата сезона.
Македонската колонија во шампионатот на Романија се зголемува, затоа што македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски успеа да договори соработка во романското првенство наредната сезона.
Еден од македонските интернационалци со најдолг стаж во Романија, средниот бек на Одорхеи, Горан Кузманоски е назначен за привремен играч-тренер на романскиот прволигаш до крајот на тековната сезона. Откако минатата недела Одорхеи изненадувачки беше елиминиран во плеј-офот од Доброгеа Суд на Ангеловски и Ракчевиќ, тренерот Влад Чаба си поднесе оставка.
Денес во ракометниот шампионат на Романија се одигра претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната, по кое веќе е извесно дека сите екипи, каде што настапуваат наши интернационалци ќе обезбедат пласман во плејофот.
Во дерби натпреварот на 24. коло на романскиот ракометен шампионат, ракометарите на Одорхеи го совладаа тимот на Динамо Букурешт со 30-27 (14-13). За тимот на Одорхеи настапуваат тројца наши ракометари, Кузманоски, Ојлески и Кукоски.
Синоќа, екипата на Одорхеи на нашите ракометари Гоце Ојлески и Горан Кузманоски славеше убедлива победа од 30-22 над составот на Васлуи, во рамките од 22. коло на најсилното ракометно натпреварување на Романија.
Бројната колонија македонски ракометари во Првата лига на Романија имаше успешно коло, откако ЦСМ Букурешт со Шундовски и Горгиевски, како и Темишвар со Лазаров и Даскалоси стигнаа до победи, додека Одорхеи со триот наши интернационалци Кузмановски, Кукоски и Ојлески одигра нерешено.
Лидерот во романското ракометно првенство Доброгеа Суд Констанца, каде што настапува нашиот интернационалец Бранислва Ангеловски по ремито и поразот во претходните две кола, конечно се врати на победничкита патеки, откако го совлада ЦСМ Фагарас со резултат од 30-26.
Македонскиот репрезентативен голман од редовите на Темишвар, Златко Даскалоски го понесе признанието за најдобар играч на 14. коло во романското првенство, а воедно се најде и во идеалниот тим.
Во рамки на 16. коло од романскиот ракометен шампионат составот на Темишвар, каде што настапуваат нашите интернационалци Златко Даскалоски и Филип Лазаров одигра реми од 19-19 против актуелниот лидер Доброгеа Суд Констанца на Бранислав Ангеловски.
Романскиот вицешампион ЦСМ Букурешт забележа нова победа во романскиот шампион, а просечен настап во тимот на Ѕвонко Шундовски имаше македонскиот репрезентативец Гоце Гергеивски.