Романија е противникот на Македонија во баражот за СП!

Женската ракометна селекција на Македонија одигра перфектен квалификациски турнир во Скопје и заслужено, со три победи од исто толку натпревари, обезбеди нов бараж за Светско првенство. 

Исланд, Литванија и Грција веќе се минато, затоа што нашите девојки денес го дознаа ривалот против кого ќе бркаат учество на планетарниот собир. На ждрепката во Виена, Македонија ја имаше улогата на неносител, па затоа доби квалитетен противник во името на Романија. 

  • Бараж натпревари за Светското првенство во Шпанија:

Досега, учество на Светското првенством покрај домаќинот Шпанија, обезбедија уште светскиот шампион Холандија, како и најдобрите четири селекции на Европскиот шампионат – Хрватска, Данска, Норвешка и Франција. 

Останатите десет европски учесници на овој собир ќе бидат познати по завршувањето на бараж средбите кои се закажани за на 16/17 и 20/21 април. Првиот меч Македонија го игра на гости кај Романија.