Ројевиќ: Задоволен сум, новите ракометари полека влегуваат во нашиот систем!

Пред стартот на сезоната Охрид го освои првиот трофеј под водство на Борис Ројевиќ, а веќе зимава дојде и вториот. „Гладијаторите“ беа најдобри и на меѓународниот турнир во Белград, па во одлична атмосфера и добри вибрации ќе го пречекаат стартот на вториот дел од Суперлигата.

Српскиот тренер е задоволен од одработените подготовки и додека дека новите ракометари полека ќе успеат да влезат во системот на работа на тимот.  

„Момците работат феноменално. Учествувавме на силен меѓународен турнир во Белград, кој и го освоиме. И навистина сум многу задоволен. Очекувам сè најдобро во пролетната полусезона. Имаме тројца нови ракометари, нема да е лесно да се воиграат, но ќе пробаме во периодот кој што доаѓа на најдобар начин момците полека да влезат во нашиот систем и да се приклучат со што повеќе минути“, рече тренерот Ројевиќ.

Зимава, Охрид доведе тројца ракометари - двајца од Вардар (Вуко Борозан и Ален Ќосевски), како и Џанфранко Прибетиќ.