• Мартин Танасковски
Екипата на ГРК Охрид со тесна победа над Вардар 1961 во финалето го освои турнирот во Струга. По натпреварот, тренерот Борис Ројевиќ не го криеше задоволството од прикажаното и вели дека е убаво кога вака ќе се тргне во сезоната.
„Одличен турнир за нас, го победивме шампионот, секогаш е добро да се отвори сезоната со победа затоа што тоа носи верба во работата и во тимот. Имавме добри 60 минути, добар е триумфот за самодовербата. Сега ни следи турнирот во Охрид, па Регионалната лига. Продлжуваме да играме добро, ова е само почеток“, изјави Ројевиќ.
ГРК Охрид оваа сезона покрај на домашната сцена, ќе ја претставува Македонија и во Европскиот Куп на ЕХФ, натпреварување кое лани го освои за првпат во својата историја.
