Ројевиќ: Морам добро да анализирам, некои работи не ми се допаднаа на терен

Борис Ројевиќ ја прекина победничката низа против Вардар 1961. По трите победи во низа, две на подготвителните средби и една на крајот на ланската сезона, ГРК Охрид загуби од црвено-црните, во Суперкупот на Македонија (31-32). По мечот, српскиот стратег изјави:

„Мора да анализирам што се се случи на теренот, некои работи не ми се допаднаа какви беа. Честитки за Вардар за трофејот во Суперкупот, ама ако го освоевме и ние немаше да биде незаслужено. Бевме поблизу до победа, но некои работи кои ги договаравме не се исполнија на терен. Имавме и мал замор заради тешките и напорни патувања кои ги имавме, но би сакал да им честитам на моите играчи за прикажаната борба“, изјави Ројевиќ.

ГРК Охрид го подобри ростерот од ланската сезона и оваа година ќе важи за сериозен фактор во македонскиот ракомет. Покрај на домашната сцена, тимот игра и во Европскиот Куп на ЕХФ каде го брани трофејот.