Ројевиќ и дружината не признаваат прваци: Охрид слави голем резултат

ГРК Охрид ја забележа најголемата победа во плејофот на Суперлигата. Екипата на Борис Ројевиќ со звукот на сирената славеше кај Еурофарм Пелистер (26-27) и така дојде до втората позиција на табелата.

Овој Охрид не е шега, покрај европските резултати, „рибарите“ ги мачат и ги добиваат најдобрите екипи во домашниот шампионат. Полека паѓа митот за „големата тројка“ во Македонија, затоа што добивме уште еден силен четврти тим.

Едно е сигурно, на крајот на оваа сезона ГРК Охрид испорачува резултати според кои тимот од градот крај езерото во следната мора да се сфати максимално сериозно.

Ако продолжи во овој ритам, овој ГРК Охрид ќе игра сериозна улога и на домашната и на меѓународната сцена.