• Мартин Танасковски
Екипата на ГРК Охрид ја доби новата пречка во Европскиот Куп на ЕХФ. Во рамки на осминафиналето македонскиот суперлигаш го чека двомеч со Дукла Прага од Чешка, тим кој не е непознаница за нашите екипи затоа што претходно во евро-куповите играше и со Пелистер.
Тренерот Борис Ројевиќ од ГРК Охрид го најави двомечот со чешкиот претставник. Кажа дека против себе охриѓани ќе имаат клуб со голема традиција, а кон него се гледа со максимален респект.
„Дукла е клуб со голема традиција и го заслужува нашиот респект. Тоа е тим кој е спој на младост и искуство и во чиј состав има неколку чешки репрезентативци. Дополнителен фактор е што ги води и селекторот на Чешка, Даниел Кубеш. Не очекува тежок реванш во Прага. Ако бидеме на нашето ниво, може да направиме чекор напред и да испишеме историја за ГРК Охрид“, изјави Борис Ројевиќ за „Балкан Хендбол“.
Осминафиналињата во Европскиот Куп на ЕХФ во кој македонски Алкалоид е актуелен освојувач се играат во февруари.


