• Мартин Танасковски

Борис Ројевиќ ја забележа една од најголемите домашни победи во мак-ракометот. Во Битола, ГРК Охрид славеше над Еурофарм Пелистер со 27-26 и дојде до бодови на едно од најтешките гостувања. По мечот, српскиот стратег не го криеше задоволството од изданието.
„Прво, да сакам да им честитам на момците за извонредната борба, посебно во второто полувреме. Во првиот дел бевме во грч, но во вториот дел трчавме повеќе и дававме повеќе голови. Одигравме одлично. Честитки за Еурофарм Пелистер за фер и коректната игра, игравме во убава атмосфера, убав амбиент од 4.000 гледачи. Нам овие два бода многу ни значат затоа што сакаме што побрзо да обезбедиме место во Европската лига и да се свртиме кон Европскиот Куп каде не чекаат обврски. Сигурно дека ваквите победи ни ја креваат самодовербата пред двомечот со Целје“, изјави Ројевиќ.
Со овој резултат, охриѓани се израмнија на второто место со Еурофарм Пелистер. Двата тима имаат по 42 бода, а најмногу на исходот се радува лидерот Вардар 1961 кој сега има уште поотворен пат до титулата.







