Рогановиќ одбра тројца Црногорци од Суперлигата за двомечот со Данска

Новиот селектор на ракометната репрезентацијата на Црна Гора, поранешниот вардарец Зоран Рогановиќ, го објави списокот на репрезентативци за двете квалификациски средби против светскиот првак Данска. Рогановиќ повика и тројца ракометари од Суперлигата.

На списокот се најдоа Милан Поповиќ (Пелистер), Мирко Радовиќ (Еурофарм Работник) и Јагош Брауновиќ (Охрид), а покрај нив одбрани се уште 25-мина. Како и минатата година не е повикуван Вук Борозан од Вардар. Рогановиќ наскоро ќе го скрати изборот. 

Црна Гора на 10 април во Цетиње ќе ја пречека Данска, а реваншот е на програмата три дена подоцна.