Роденденски подарок: Еурофарм Пелистер го има најдобриот стрелец во Келн!

Еурофарм Пелистер е првиот македонски тим кој беше дел од премиерното издание на младинската Лига на шампиони оваа сезона, турнир кој се заврши со Ф4 во Келн како увертира на сениорите.

Битолскиот клуб го освои четвртото место, на завршницата загуби од ГОГ Гудме од Данска кој е европски првак, како и од шпанска Барселона која покажа моќ во пресметката.

Како мала утеха е признанието за најдобар стрелец кое оди на адреса на Еурофарм Пелистер. Алем Хаџиќ од зелено-белите е најдобар, со 40 гола во натпреварите со Динамо Букурешт (12 гола), Киелце (14 гола), ГОГ Гудме (4 гола) и Барселона (10 гола).

Зад него заврши Анселмо Коладо Карион од Барселона со 35 гола, додека третопласиран е младата ѕвезда на данскиот тим Емил Соренсен со 31 постигнат гол,.

Интересно, денес му е роденден на Алем Хаџиќ. Босанецот полни 18 години.