Род се повреди и нема да настапи за Норвешка на СП во Египет

Норвешката ракометна селекција која што се смета за една од посериозните кандидати за највисок пласман на Светското првенство во Египет, доби нова неочекувана вест. 

Еден од најдобрите ракометари на оваа селекција, Магнус Род се повреди и нема да им помогне на своите соиграчи на Мундијалот кој се игра на почетокот на 2021 година. 

Бекот на Флензбург, кој често пати низ својата кариера го следеле малери, се здоби со незгодна повреда на прстот, па нема да биде во можност за настап на претстојниот планетарен собир. 

Норвешка на Светското првенство во Египет ќе биде дел од можеби најтешката група, каде за пласман во втора фаза ќе се бори со Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.