Талески поради „лични причини“ не играше за РНЛ на турнир во Базел

Македонскиот репрезентативец Филип Талески не беше дел од тимот на Рајн Некар Левен кој настапи на турнир во Базел, Швајцарија и забележа една победа и еден пораз.

Германскиот бундеслигаш ги врши последните подготовки пред стартот на Бундеслигата, но Талески не беше со тимот. Причините за отсуството на македонскиот репрезентативец од екипата според информациите се лични. 

Инаку, РНЛ на турнирот во Базел во првиот натпревар убедливо победи против домаќинот 1879 Базел (36-17), додека во вториот натпревар загуби од францускиот тим Монпелје со минимални 24-25 (14-10), иако водеше убедливо во првиот дел.

Рајн Некар Левен сезоната ќе ја стартува во Бундеслигата, а потоа тимот го чекаат настапи во ЕХФ Купот.