• Сашо Поповски

Екипата на Рајн Некар Левен ја продолжи серијата без пораз во новата сезона од Лигата на шампионите. Германскиот шампион без поголема мака славеше на гости кај Кристијанштад (22-35) и ја запиша втората сезоната победа во Европа.
Гостите ја презедоа иницијативата од самиот почеток и наметнаа свое темпо, кое им донесе убава предност по 30 одиграни минути (12-18). Израмнето беше само во првите десет минути, а потоа Германците се искачија и на највисоки +7 во 20. минута.
Вториот дел беше полесен тренинг за гостинската екипа, која стигна и на двоцифрена предност, па мирно влезе во завршницата од мечот. Се чекаше само конечниот резултат кој гласеше 22-35.
Талески постигна три гола, а најефикасни кај Рајн Некар беа Толбринг со седум гола, а Шмит, Радивојевиќ и Рајнкајнд постигнаа по пет гола.