РНЛ и Талески немаа сили во финишот за пресврт против Фуксе Берлин 

Откако не успеа да обезбеди нов пласман во Лигата на шампионите, екипата на Рајн Некар Левен забележа нов неуспех во германската Бундеслига. Попладнево „аљвовите“ со минимални 34-33 загубија на гости кај тимот на Фуксе Берлин

Со овие два бода, тимот од Берлин на две кола до крајот на сезоната се израмни со директниот конкурент за квалификации за ЕХФ Купот, Мелсунген, со по 38 освоени бода. 

Друкс и Вајде уште од самиот почеток на мечот го решетеа голот на „лавовите“, двајцата заедно постигнаа вкупно девет гола од 20-те на Фуксе во првите 30 минути. Шампионот на Германија од пред две сезони на пауза замина со негатива од шест гола, која на крај се испостави како одлучувачка за победата на Фуксе Берлин од само еден гол разлика (34-33).

Нашиот репрезентативец Филип Талески не успеа да се запише во листата на стрелците, додека поранешниот вардарец Илија Абутувиќ заработи црвен картон (три исклучување по две минути). Кај Рајн Некар Левен најпрецизен беше Сигурдсон со седум гола, додека кај победникот се истакнаа Друкс и Вајде со по осум погодоци.