Рниќ и Митиќ едногласни: Металург има шанси за победа над Фајверс

Екипата на Метлург ќе му гостува на Фајверс во деветтото коло од Европската лига, во обид да стигне до прва победа во натпреварувањето.

Младите ракометари на Оливер Димитриоски одиграа нерешено на првото соочување во Скопје. Момир Рниќ е оптимист дека тимот има квалитети за триумф на ова гостување.

„Фајверс е добра екипа, многу трчаат, но мислам дека имаме шанса со нив да се избориме за добар резултат. Дома со нив одигравме нерешено, а сега по сè што се случи ни се вратија неколку играчи, имаме и подобра ротација. Ќе биде тежок натпревар, тоа е сигурно, но имаме шанса да дојдеме до позитивен резултат. Од друга страна пак, се уште не сме комплетни. Отсуството на секој играч ни се одразува на играта. Ни недостасуват Златко Хорват и Милан Лазаревски, но ние и без нив ќе дадеме сè од себе за да направиме добар резултат“, вели искусниот српски ракометар.

Сличен коментар во пресрет на утрешниот меч во Виена имаше и младиот Андреј Митиќ.

„Одигравме нерешено, а ова е добра шанса за нас младите, за сите да оствариме прва победа. Не сме комплетни, но се надевам дека ќе пружиме добра игра. И на мечот со Чеховски Медведи во Скопје одигравме добро, но поради некои наши грешки во финишот го загубивме натпреварот.

Што се однесува до мене, јас сум благодарен на Металург и тренерот Димитриоски за шансата што ја добибам. Мое е на секој натпревар да го давам максумумот, да напредувам и да бидам подобар од натпревар во натпревар. Засега сум задоволен, но целта е да одам напред, а ова е голема шанса и за мене и за другите и за тоа“, рече кружниот напаѓач.

Дуелот меѓу Фајверс и Металург ќе се одигра во терминот од 20:45 часот.