РК Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Сесвете во ЕЛ

Управата на Вардар 1961 ја информира јавноста дека започна продажбата за натпреварот против Сесете во Европската лига на ЕХФ, а истата ќе се одвива преку мрежата на „Ticketx“. 

„Црвено-црните“ ќе го пречекаат ривалот на 14 октомври во салата „Јане Сандански“ во Скопје, а почетокот е закажан за 18:45 часот.

За вардарци ова ќе биде прв натпревар од групата Ф, каде уште се натппреваруваат екипите на Кристијанштад и Тулуз. 

Билетите за натпреварот можат да се набават на ОВОЈ линк.