РК Алкалоид: Европскиот трофеј е резултат на страст, тимска работа и верба!

ЕХФ го регистрира неодиграното финале во Скопје со победа на Алкалоид над АЕК, што значи дека македонскиот тим е освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ со две победи, една во Атина на терен и една по административен пат затоа што ривалот одби да игра.

Клубот испрати честитка преку социјалните медиуми за постигнатото:

„Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини. По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10:0 голови и од 2:0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!

Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!“

Тимот на Кирил Лазаров e трет македонски тим со европски трофеј, по Вардар 1961 и Кометал Ѓорче Петров кои ја освоија Лигата на шампионите.