Ривалот на Вардар во СЕХА ги отвори подготовките со победа над Горење

Екипата на Нексе Нашице со триумф ги отвори подготовките за новата сезона, која ќе ја започне со реванш дуелот од СЕХА лигата против македонскиот шампион Вардар.

Хрватскиот вицепрвак по пауза од повеќе од пет месеци конечно се врати на паркетот и во пријателски натпревар извојува сигурна победа од 25-23 на словенечкиот тим Горење Велење. Дуелот се играше во Самобор, очекувано без присуство на публика. 

Кај противникот на Вардар во СЕХА се истакна Јелиниќ со шест постигнати гола додека во поразениот тим најефикасен беше Пајт со седум погодоци. 

Дуелот меѓу Вардар и Нексе треба да се одигра кон крајот на август, додека „фајнал-фор“ турнирот во Задар е закажан за почетокот на септември и истиот ќе биде еден вид на загревање за новата сезона.