Ривалот на Алкалоид се засилува: Војводина договори туниски пивотмен

Противникот на Алкалоид во групната фаза на Европската лига, српска Војводина договори искусно засилување на пивотменската позиција.

Пред „вратите“ на Војводина е Маруан Шуиреф, кружен напаѓач од Тунис, член на францускиот клуб Трембле во изминатите пет сезони. Доколку се постигне конечниот договор и овој 197-сантиметри висок напаѓач го парафира договорот со клубот Нови Сад, ќе му се придружи на сонародникот Мухамед Азиз Аиди, кој во редовите на шампионите дојде на полусезона од Металопластика.

33-годишниот Шуиреф во два наврати играше за Трембле, а меѓу тие престои во Франција, помина две сезони во Тунис и Гезтепе. За националната селекција одигра 104 натпревари и постигна 135 гола, го освои Африканското првенство во 2018 година и беше вицешампион во 2020 година.