• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометен шампион Вардар и финалистот на Купот на Македонија, ГРК Охрид, вечерва во Гевгелија ќе ја отворат новата сезона 2026/27 со дуел во Суперкупот на Македонија.
Ова ќе биде трета пресметка меѓу двете екипи во текот на подготвителниот период. Претходно тие се сретнаа во финалињата на турнирите во Струга и Охрид. На Струшкиот турнир триумфираше Охрид, додека на домашен терен „гладијаторите“ повторно беа подобри.
За разлика од претходните два натпревари, денешниот дуел има официјален карактер и ќе го даде првиот трофеј во новата сезона. Воедно, тој ќе биде последна проверка пред почетокот на натпреварите во Суперлигата и европските купови.
Во досегашните осум изданија на Суперкупот, најуспешен е Вардар со четири освоени трофеи. Еурофарм Пелистер има три титули, додека Алкалоид еднаш го подигна пехарот.
Натпреварот меѓу Вардар и Охрид ќе се одигра вечерва во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија со почеток од 19:00 часот.

