• Горан Упале

Ракометниот свет се моли за Алфредо Кинтана, откако искусниот чувар на мрежата на Порто на тренингот на тимот во понеделникот доживеа срцев удар и докторите се борат за неговиот живот.
Дефинитивно оваа информација го погоди ракометниот свет, а одредени ривали од противниците на Порто во групата А од Лигата на шампионите изразија жалење за здравствената состојба на Кинтана, кој допрва го чека најтешкиот натпревар во својот живот.
ПИК Сегед, Елверум и Киелце со пораки на социјалните мрежи испратија поддршка до 32-годишниот голман, а поради настанатата ситуација ЕХФ експресно го одложи следниот меч на Порто во Лигата на шампионите против Мешков Брест.


